Украина: Едно лице загина во ракетен напад врз станбена зграда

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина во текот на ноќта во рускиот ракетен истрел врз станбена зграда на истокот на Украина, соопштија украинските власти.

Loading...

Пет лица, меѓу кои и едно дете, се извлечени, но се верува дека едно лице останало затрупано под урнатините, изјави на Телеграм министерот за полиција Игор Клименко.

Нападот се случил во градот Сељидово, северозападно од Доњецк, а била погодена четирикатна зграда, јавува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.