Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов, одговори на заканите од заменикот и сојузник на Путин, Дмитриј Медведев, и му порача „да најде бункер во кој ќе се скрие“.
На оваа запалива изјава на украинскиот функционер и претходеше заканата на Медведев до Киев, кога рече дека „ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат“.
Пред тоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.
„Медведев да не мисли на Украина, туку на земја како Северна Кореја и бункерот во кој ќе се крие, конечно нека престане да пишува „Русија“ со голема буква и нека се навикне дека сѐ уште не се повлекле“, рече Данилов.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.