Четириесетгодишник бил приведен во Куманово откако полицијата констатирала дека возел со 2,31 промили алкохол во крвта.
– На 26.09.2026 во 23:03 часот во село Доброшане, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.К.(40) од село Ињево, Радовиш, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено товарно моторно возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, при што било утврдено дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

