Неделна прогноза за Куманово: Наутро студено, попладне пријатно

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу пет степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 22 степени целзиусови.

 

 

И утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 10 до максимални 22 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја неколку локации во Куманово

Среда носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 4 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 23 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од север и североисток. Утринската температура ќе се движи околу пет степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени целзиусови.

 

 

И во петок ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од североисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу пет степени, а максималната ќе достигне 22.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18-годишник од Куманово приведен од „Task Force“ единицата против дрога

Сончевото време ќе се задржи и во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 22 степени целзиусови.

Недела носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 5 степени, а максимумот ќе се искачи до 23 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски