Со претстава на Театарот од Ниш вечерва продолжува МТФ „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Кљукана Династија“ од Народниот театар Ниш од Србија, вечерва продолжува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Станува збор за претстава во режија на Андреј Носов, а во која играат Александар Михајловиќ, Весна Станковиќ, Сања Крстовиќ, Братислава Милиќ, Марко Радојевиќ, Стефан Младеновиќ, Петар Миљуш и Данило Миленковиќ.

Досега на фестивалот настапија театрите од Куманово, Сараево, Драмски театар Скопје и Приштина.

Фестивалот трае до 3. откомври, а сите претстави почнуваа во 20 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдена дрога, од слобода се лишени четири лица