Четири лица биле приведени во Куманово откако при претрес биле пронајдени повеќе пакувања со бела грутчеста материја и други предмети.
– На 26.09.2026 во 00:50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово ги лишија од слобода Р.С.(45) од Куманово, Т.К.(45) од село Романовце, кумановско, Н.А.(39) од Куманово и 39-годишната М.К. од село Биљановце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при претрес во домот на Р.С., извршен со судска наредба, а во кој биле затекнати останатите три лица, биле пронајдени повеќе пакувања со бела грутчеста материја и други предмети.
– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.
Никола Ивановски

