Утре во текот на денот под влијание на влажен бран, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во сабота претпладне и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м 2 ).
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м 2 ), град и силен ветер (над 60 км/час).
Температурата ќе опадне за 7 до 9 степени.
Во Куманово и околината утре ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно североисточен правец. Поголема нестабилност се очекува во сабота.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Никола Ивановски