УХМР најавува облачно и нестабилно време

Сподели со своите пријатели

Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни ( над 15 л/м 2 ) во форма на невреме проследени со грмежи и силен јужен ветер (над 60км/ч).

Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови, во текот на ноќта и во четврток претпладне.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок.

Во сабота локално, а во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат од негов роднина

Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (7 до 10 степени).

Никола Ивановски