Три лица, двајца Палестинци и еден израелски офицер загинаа денеска во размена на оган во близина на преминот меѓу Израел и палестинскиот град Џенин на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинското Министерство за здравство и израелската армија.
Loading...
Војската соопшти дека офицерот бил убиен во размена на оган додека „двајца осомничени се приближувале“ на преминот во близина на Џенин на Западниот Брег.
Палестинското министерство во Рамала ја потврди смртта на „двајца млади момчиња“ за време на судирите. Други детали не се соопштени.