Тешка кражба во Куманово – крадецот за две недели изнел 20 000 евра

Сподели со своите пријатели

Како што јавува СВР Куманово, во период од 25 јуни до 11 јули 2015 година, во Куманово непознат сторител со употреба на погоден алат и физичка сила изршил тешка кражба во куќата на Б.С. (33) од Куманово, при што одзел 20.000 евра и разновиден златен накит со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.900.000 денари.

Loading...

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.