Техеран: Претставници на МААЕ доаѓаат во посета на Иран

Сподели со своите пријатели

Директорот на Агенцијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, денеска најави дека претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ) задолжени за нуклеарен мониторинг ќе го посетат Иран во наредните денови, откако МААЕ објави минатиот месец дека Иран збогатува ураниум.

Loading...

Се надеваме дека посетата на претставници на МААЕ на Техеран во наредните денови ќе помогне да се реши проблемот, изјави Еслами во интервју за иранската телевизија, пренесува Ројтерс.

Прашањето за збогатување ураниум е пречка за напредок во пошироките разговори за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година потпишан меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еквадор бара обвиненија против 16 војници за вмешаност во исчезнување на четири малолетници