Таткото во солзи се збогува со својата ќерка: Никој не сака војна! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалната мрежа Твитер од вчера се споделува шокантна снимка од Украина, чиј автор не е познат, но лицето наводно присуствувало во моментот кога мажите се простиле од своите семејства кои заминале во безбедната зона, додека тие останале во одбрана  на државата.

Loading...

Емотивниот момент кога неименуван Украинец треба да се раздели од својата ќерка, која со својата мајка оди на безбедно со автобус, никој  не го остави рамнодушен.

Човекот кој остана да ја брани државата не можеше да ги запре солзите додека ја гушкаше ќерка си и и ја мести капата, а девојчето кое се разделува од татко си и плаче.

 

 

Видеото постојано се споделува на Твитер, а го објави и „Индипендент“. Според корисниците на мрежата, сцената на разделбата на семејството од Украина е најтешката работа што може да му се случи на човек, па затоа коментарите повикуваат на прекин на воените дејствија.

 

Loading...

 

Исто така, се споделува уште едно видео, наводно направено во истата прилика, на кое таткото се збогува со ќерката која седи во автобус, а се поздравуваат цртајќи си ги срцата на прозорецот.