Тајната служба застрела три лица додека ја штителе внуката на Бајден

Сподели со своите пријатели

Агенти на Тајната служба кои ја штитат внуката на американскиот претседател Џозеф Бајден, Наоми, отвориле оган врз три лица кои се обиделе да упаднат во возило без ознака на Тајната служба во Вашингтон.

Loading...

Обезбедувањето кое било со неа во населбата Џорџтаун во неделата доцна навечер видело три лица како го кршат прозорецот на паркиран теренец без ознака.

Следела престрелка, но нема повредени.

Тројцата осомничени побегнале со црвен автомобил, а по нив е распишана потерница.

Службеникот, кој не беше именуван, не сакал да открие детали од истрагата.

Наоми Бајден (29), е ќерка на Хантер Бајден и неговата прва сопруга Кетлин Бул.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас: Се надеваме дека зборовите на Трамп за раселување на Палестинците не се сериозни

Најстарата внука на претседателот Бајден ја добива заштитата на Тајната служба како директен член на првото семејство, пренесува Rt Balkan.

Таа живее во Вашингтон со нејзиниот сопруг Питер Нил и работи во адвокатската канцеларија Арнолд и Портер.

Loading...