Тајланд прогласи прогласи вонредна состојба по земјотресот во Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Тајландската премиерка Фетонгтарн Шинаватра денеска прогласи вонредна состојба во Бангкок по силниот земјотрес што денеска го погоди Мјанмар, а се почувствува и во Тајланд и Кина.

Loading...

Шинаватра издаде итно национално предупредување, повикувајќи ги граѓаните да останат внимателни за можни последователни потреси по денешниот земјотрес, со можност за нов удар во следните 24 часа, објави порталот „Нејшн Тајланд“.

Надлежните презедоа итни мерки за да обезбедат заштита на граѓаните.

Министерството за дигитална економија и општество нареди испраќање СМС известувања со основни безбедносни упатства.

Мобилизирани се безбедносните сили за обезбедување на јавната безбедност, додека Министерството за природни ресурси и животна средина ја проценува сеизмичката активност и прогнозира можни дополнителни потреси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера

Експертите предупредуваат дека афтершокови се вообичаени по земјотрес, најчесто во првите два часа.

Иако последователните потреси обично се помалку интензивни, статистиката укажува на ризик од нов значаен земјотрес во следните 24 часа.

Аеродромот Суварнабхуми превентивно ги прекина летовите на 20 минути, но услугите набрзо продолжија.

Loading...

Министерството за здравство ги стави во состојба на готовност медицинските установи и итните служби за да реагираат на евентуални жртви.

Шинаватра апелираше до жителите на високите згради да избегнуваат користење на лифтови и да останат на отворено.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска центарот на Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), а потреси се почувствувани и во Тајланд и Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес утринава регистриран во Романија