Илјадници антивладини демонстранти се собраа денеска и маршираа кон зградата на Владата во Бангкок за да побараат оставка од премиерот Прајут Чан-оча и нов устав.
Loading...
Денешните протести се продолжение на тримесечните демонстрации за време на кои е извршен досега најголемиот притисок врз поредокот, во кој многу долго време доминираа воените кругови и кралската палата.
„Долу диктатурата, да живее демократијата“, извикуваа демонстрантите на патот кон Споменикот на демократијата, каде се конфронтираа со насобраните ројалисти.
Сања Костовска