Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) по повеќе од четири години преговори постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии, соопшти денеска организацијата.
„Земјите-членки на СЗО направија голем чекор напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност“, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.
Предлогот ги наведува мерките за спречување идни пандемии и глобалната соработка во одговорот на епидемии.
Ројтерс наведува дека станува збор за правно обврзувачки пакт чија цел е зајакнување на одбраната на глобалното население од вирусот, откако неколку милиони луѓе починаа за време на пандемијата на вирусот Ковид19 во периодот меѓу 2020 и 2022 година, пренесува Танјуг.