СВР Куманово со кампања за поголема безбедност на пешаците (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претставници на Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со Општинскиот совет за превенција на детско престапништво при Општина Куманово, вчера во централното градско подрачје спроведоа превентивна кампања под мотото „Застани, јас сум пешак!“.

Кампањата имаше за цел да ја подигне свеста кај пешаците и возачите за почитување на сообраќајните правила и поголема безбедност на пешаците во сообраќајот.

Во рамки на активностите, на пешаците им беше укажано дека коловозот треба да го преминуваат исклучиво на обележани места, односно на пешачки премини.

 

 

Од надлежните беше посочено дека претрчувањето преку коловоз претставува сериозен ризик за безбедноста и може да доведе до сообраќајна незгода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прогноза за Куманово: Какво време ќе имаме за продолжениот викенд?

Истовремено, возачите беа потсетени на обврската да ја намалат брзината и да бидат особено внимателни пред пешачките премини, а особено во близина на училиштата.

На обележаните пешачки премини возачите треба да ги пропуштаат пешаците и да овозможат нивно безбедно преминување.

 

 

За време на кампањата, на пешаците и возачите кои застануваа пред обележан пешачки премин им беа поделени едукативни флаери и маици со пораката на кампањата: „Застани, намали ја брзината, јас сум пешак!“.

Од СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво со ваквите активности упатуваат порака за поголема внимателност и одговорно однесување на сите учесници во сообраќајот, со цел намалување на ризиците и зголемување на безбедноста на пешаците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автомобил, сува трева, стрништа и ниска шума гореа во неколку кумановски села

Никола Ивановски