СВР Куманово апелира: Без пукање на веселби и почитување на јавниот ред и мир

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со Локалниот совет за превенција и Општинскиот совет за превенција, спроведе информативно-превентивна кампања за подигање на свеста кај граѓаните за забраната за употреба на огнено оружје на семејни веселби.

Во рамки на кампањата, полициските службеници разговараа со граѓаните и апелираа строго да ги почитуваат законските одредби од Законот за оружје, посочувајќи дека неовластеното држење, користење и пукање со огнено оружје претставува кривично дело и сериозно ја загрозува безбедноста и животот на другите граѓани.

 

 

На граѓаните им беа поделени превентивни флаери со информации и насоки за законските последици од неовластеното поседување и употреба на огнено оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре трето прскање против комарци во Куманово

Воедно, апел беше упатен и до сопствениците на угостителските објекти да внимаваат на нивото на бучава и да ги почитуваат законските прописи за гласната музика во кафулињата и рестораните, со цел да не се нарушува јавниот ред и мир. Од СВР Куманово потсетуваат дека непочитувањето на законските одредби повлекува соодветни санкции.

 

Никола Ивановски