Среда ќе биде топол и претежно сончев ден. Попладне ќе има релативно слабо изразена нестабилност која повеќе ќе биде застапена над планинските региони во земјава. Од истата не се очекуваат некои особени количини и интенитет на врнежи. Повремен дожд може да се очекува и во пелагонискиот, малешевскиот и полошкиот крај.
Loading...
Максимална температура до околу 36°С се очекува во јужниот дел на повардарието.
Температура околу 31°С се очекува во југозападниот регион, а во котлините во северниот крај максималната ќе достигне до 35°С.