„Спејс екс“ лансираше нова ракета, а еве зошто таа е посебна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Спејс екс“, чиј извршен директор е Илон Маск, постигна уште еден голем успех бидејќи неговиот прототип ракетата „Стархопер“ беспрекорно го изврши тест-летот, се искачи на 150 метри над земјата, се движеше настрана и потоа слета.

Loading...

Ракетата наречена „Стархопер“ слета со пробен лет на полигонот на „Спејс екс“ во јужен Тексас, во близина на градот Бок Чик.

Летот траеше 57 секунди и Стархопер летал од една платформа за лансирање на висина од 150 метри, а потоа слетал на друга.

– Секоја чест на тимот на „Спејс Акс“ – напиша извршниот директор Илон Маск.

„Стархопер“ го лансира еден „раптор“ мотор од новата генерација што „Спејс екс“ го развива за употреба на StarShip и уште една голема ракета Super Heavy.

„Старшип“  ќе има 100 места на екипажот и ќе биде придвижуван од шест мотори „Раптор“, додека Super Heavy ќе има 35.

Сепак, овие бројки може да се променат, бидејќи Маск вети дека дизајнот на „Старшип“ може да се промени по последниот проблен лет на „Стархопер“.

Следните тестови ќе бидат спроведени со две орбитални платформи – „Starchip Mk1“ и „Starchip Mk2“.

Loading...

И двата бродови ќе бидат придвижувани од најмалку три мотори „раптор“.

Leave a Reply