Маск: Луѓето мора да се спојат со машините или ќе станат бескорисни

Сподели со своите пријатели

Милијардерот Илон Маск е познат по своите футуристички идеи, а неговиот последен предлог е да нè спаси од безначајноста затоа што вештачката интелигенција станува сè поприсутна.

Loading...

Директорот на компанијата „Тесла“ и „Спејс Екс“ изјави дека луѓето мора да се поврзат со машините за да станат еден вид киборзи.

„X Æ A-12 Musk“ е името кое Илон Маск му го даде на своето дете

„Мислам дека со тек на време веројатно ќе видиме поблиска врска помеѓу биолошката и дигиталната интелигенција“, им рече Муск на присутните на Самитот на светската влада во Дубаи, пренесува CNBC.

„Главно станува збор за ширина на опсег, брзина на врската помеѓу вашиот мозок и дигиталната верзија на себеси“, рече Муск.

Маск објасни што значи кога тој вели дека компјутерите можат да комуницираат со брзина од „трилион бита во секунда“, додека луѓето, чиј главен начин на комуникација е со преминување на прстите преку мобилен уред, при што можат да комуницираат со брзина од 10 бита во секунда.

Чудни правила кои Илон Маск ги следи за успех

Во ера кога вештачката интелигенција се заканува дека ќе стане широко распространета, луѓето би биле бескорисни, така што има потреба да се поврзат со машините, рече Муск.

Loading...

„Некои врски со високо поврзување со мозокот ќе бидат нешто што помага да се постигне симбиоза на човечката и машинската интелигенција и може да го реши проблемот со контролата и корисноста“, објасни Маск.

Предлогот на технологот е нов слој на мозокот кој може брзо да пристапува до информации и да влезе во вештачка интелигенција.

Не е прв пат Маск да зборува за потребата луѓето да се развиваат и тоа е постојана тема на неговите разговори за тоа како општеството може да се соочи со разорната закана од вештачката интелигенција.

Илон Маск ќе ја започне колонизацијата на Марс

Длабоката вештачка интелигенција е опасна

За време на разговорот, Маск се осврна на неговиот страв од „длабока вештачка интелигенција“ што надминува беспилотни возила и оди на, како што рече, „вештачка општа интелигенција“.

Тој го опиша како вештачка интелигенција која е „попаметна од најпаметниот човек на светот“ и ја нарече „опасна ситуација“.

Иако тоа би можело да се случи, шефот на „Тесла“ рече дека најголема опасност е тоа што вештачката интелигенција, особено автономните автомобили развиени од неговата компанија, ќе ги намалат работните места.

Loading...

Мислеле дека е гулв и го тепале на училиште: Чудни факти за милијардерот Илон Маск

Тој рече дека укинувањето на работниц места на луѓе чија работа е да се вози ќе се случи во наредните 20 години, по што 12 до 15 проценти од глобалната работна сила ќе бидат невработени.

„Најблиското влијание од технолошка гледна точка се автономните автомобили… Тоа ќе се случи многу побрзо отколку што мислат луѓето и ќе бидат од голема корист“, рече Маск.

Leave a Reply