МРК Куманово денеска ќе ги одмери силите со Еурофарм Пелистер 2

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово денеска на гостински терен ќе ги одмерат силите со вториот тим на Еурофарм Пелистер од Битола.

Кумановци ги очекува тешко гостување, против силен противник, но од клубот велат дека ќе настапат борбено, храбро и без отстапување до последна секунда.

– Нашите момци се подготвени да го дадат максимумот и да покажат дека МРК Куманово има што да покаже во најсилното ракометно друштво и оваа сезона, велат од клубот.

Денешниот меч се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 17:30 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Втор третман против глодари и бубашваби следната недела во Куманово