Словенечката амбасада во Киев го отстрани словенечкото знаме бидејќи личи на руско

Сподели со своите пријатели

Словенечката амбасада во главниот град на Украина, Киев, го отстрани словенечкото знаме што висело пред амбасадата поради сличноста со руското знаме, изјави словенечкиот дипломат.

Loading...

Словенечкото и руското знаме носат исти бои по ист редослед – бела, сина и црвена, а словенечкото знаме го носи грбот на земјата, кој се состои од неколку симболи – ѕвезди, планини, мориња и реки.

 

Зеленски предупреди на нова руска офанзива во источна Украина

 

Според Боштјан Лејсак, член на администрацијата на амбасадата, ги посетиле претставници на украинската национална гарда, придружувани од претставници на полицијата и го прашале дали словенечкото знаме може привремено да биде отстрането бидејќи е премногу слично на руското.

Инаку, Словенија во понеделникот повторно ја отвори својата амбасада во Киев, околу еден месец откако ги евакуираше сите свои дипломати од Украина на 26 февруари по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина.

 

Loading...

Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск

 

Словенечкиот амбасадор во Украина Томаж Менчин продолжува да работи од полскиот град Жешов, кој се наоѓа во близина на украинската граница, соопшти претходно словенечкото Министерство за надворешни работи.