Скандалозна објава на синот на Трамп: Го навреди Зеленски

Loading...
Сподели со своите пријатели

Вчерашната жестока пресметка меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа привлече големо внимание од целиот свет, а впечатоците од оваа средба не можеше да не ги сподели дури и синот на американскиот претседател, Доналд Трамп помладиот.

Тој на својот профил на социјалните мрежи Х објави фотографија од вчерашната средба меѓу Трамп, Зеленски и Џеј Ди Венс.

На таа фотографија е испишан натписот „Каде се моите пари?“ над украинскиот претседател.

Над Трамп пишува „Слушај ти, мало гомно…“, додека на местото каде што е Венс на фотографијата пишува „Ова џуџе и неговите барања…“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакер кој работи за картелот на Ел Чапо украл податоци од агент на ФБИ, па го следел на камери

„Го скрши“, напиша синот на Трамп во натписот на сликата, пренесува Телеграф.

Пред таа објава, синот на Трамп објави и снимка од разговор меѓу Трамп и Зеленски на Х, заедно со натписот „Вака изгледа раководството“. „Америка повеќе нема да биде експлоатирана.“

 

Loading...