Си пукала во глава и останала жива: Правела 49 операции и денес изгледа вака (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пред повеќе од седум години, Кристен МекГинис го средила станот во кој живеела со цимерот. Очекувала дека луѓето ќе бидат во нејзиниот стан тој ден, иако не правела забава. Сакала да се убие и го испланирала секој детал. За среќа, не успеала, а со последиците од пукањето во главата ќе живее целиот живот.

– Го сакав животот. До 2009. година можам да кажам дека имав добар живот. Имав пријатели, ја сакав својата работа, бев во врска со фино момче. Бев среќна, нормална личност. Но, тогаш се се промени, вели Кристен.

Парадокс кој го шокираше светот: Во овие години луѓето се најмногу склони кон самоубиство

Loading...

Првин ја изгубила работата која ја имала 18 години, а потоа починала нејзината баба, па и нејзиното сакано куче. Врската во која била завршила, а влегла и во финансиски проблеми.

– Не спиев добро. Имав напади на паника, вели таа и додава дека сакала да се бори, но дека станувало се потешко.

 

 

Објаснува дека барала помош од неколку луѓе, но со време се чувствувала како терет и започнала самата да се изолира. Кога донела одлука да си го одземе животот, вели дека се чувствувала мирно.

– Не го гледав излезот. Ми требаше околу час време да одлучам што да правам, а кога ја донесов одлуката, се чувствував мирно. Тоа беше свесна, ослободувачка одлука. Не сакав никој да повикам да разговарам за тоа што планирам да го направам, не сакав никому да му бидам терет, вели таа.

Позната порно актерка изврши самоубиство по обвинение за хомофобија (фото)

Единствена грижа и била како да го намали хаосот и нередот кои ќе останат по пукањето. Одлучила да се пука на балконот од станот.

– Сакав да си пукав во главата затоа што сум донор на органи. Сакав да сочувам што повеќе од себе. Излегов на балконот, се помолив и го повлеков пуштолот 375 кој го чував за заштита, вели таа.

 

 

Loading...

Сепак, пштолот само кликнал. Во буренцето на револверот имало пет дупки за купруми, но таа ставила четири. Како вели, практично победила во руски рулет.

– Се насмевнав. Во се што промажив во животот, па и во ова не можев да успеам, вели таа.

 

 

Се прашала дали тоа е знак дека не треба да го направи тоа, но ја вратила цевката од пиштолот на брадата. Го повлекла орозот. Овој пат куршумот испукал. Бучавата била гласна и ништо повеќе не гледала потоа. Следно на што се сеќава е панично врескање на нејзиниот цимер, за кој не знаела дека е дома, а потоа изгубила свест.

Куршумот ја разнел нејзината вилична коска, третина од нејзините заби и јазикот, а го уништил нејзиниот десен синус, се одбил во носната коска и експлодирал уништувајќи го нејзиното десно око, но не излегол од нејзиниот череп.

Дете изврши самоубиство поради лажна објава на Фејсбук

Имала многу среќа. Само три отсто од луѓето кои се обиделе да направат нешто слично преживеале.

Три недели била во кома. Во моментот кога се разбудила нејзиниот татко ја држел за раката. Чувствувала нешто што никогаш дотогаш го немало – била среќна што е жива.

– Бев очајна што лицето ми е уништено, но и среќна што сум жива, вели таа.

 

 

Отогаш до денес имала 49 операции, помеѓу другото и реконструкција на виличната коска со метални шипки и дел од нејзиното ребро. На операциите им немало крај. Ја очекуваат уште неколку.

Љубовта и поддршката која тогаш ја почувствувала од блиските луѓе, како и две години од терапијата, и помогнале да ја победи депресијата. Денес, седум години подоцна, таа се обидува да им помогне на другите кои имаат суицидни мисли.

Leave a Reply