Шведска, која стана членка на НАТО пред една година, планира да испрати осум од своите борбени авиони „Јас Грипен“ во воздухопловните сили на Алијансата за надзор во Полска, изјави денеска министерката за надворешни работи Марија Малмер Стенергард.
Ден пред првата годишнина од приемот на Шведска во НАТО, таа објави дека земјата планира да учествува во силите за заштита на воздушниот надзор и логистички операции на Алијансата за поддршка на Украина, објави Ројтерс.
„Предлагаме Шведска да придонесе со најмногу осум борци Грипен со персонал, вклучително и единици за борбена команда и поддршка“, рече министерката на прес-конференција.
Таа додаде дека нејзината влада, исто така, планира да учествува во поморскиот и воздушен надзор и транспорт.
Според британската агенција, ова би било првпат Шведска да распореди свои ловци како дел од операциите на НАТО надвор од својата територија, пренесува Танјуг.
Шведска се приклучи на Алијансата на 7 март 2024 година, поради рускиот напад врз Украина, потсетува Ројтерс.