Шведска ќе ги исполни условите од договорот за НАТО со Турција

Сподели со своите пријатели

Шведска ќе ги исполни условите од меморандумот за разбирање договорен со Анкара за надминување на турското противење за членството на Шведска во НАТО, изјави во вторникот премиерката Магдалена Андерсон.

Loading...

Таа, исто така, на прес-конференцијата рече дека одлуката за екстрадиција на турски државјанин поради измама минатата недела била донесена „во согласност со шведското и меѓународното право и ние ќе продолжиме да го правиме тоа“, пренесува Ројтерс.