Шпанската полиција заплени 40 тони кокаин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шпанската полиција заплени 40 тони кокаин во близина на Канарските Острови во Атлантскиот Океан и уапси околу 20 лица, објави Синдикатот на шпанската цивилна гарда.

Бродот, кој шпанската полиција го пресретна во петокот во меѓународните води крај Канарските Острови, отплови од Фритаун, главниот град на Сиера Леоне, и отплови кон Бенгази, Либија.

 

 

Се сомнева дека дрогата требало да се истовари на помали бродови за понатамошна дистрибуција во Европа, објави „Еуроњуз“.

Шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде Марласка, им изјави на новинарите во Мадрид дека заплената е една од најголемите, не само на национално, туку и на меѓународно ниво.

Тесните врски на Шпанија со Јужна Америка и близината до Мароко, водечки производител на канабис, ја прават Шпанија клучна влезна точка за дрогата во Европа.