Шилегов: Во агонија, Груевски кукавички го прекршува договорот од 2-ри јуни (видео)

Сподели со своите пријатели

Кукавички е обидот на Груевски да ги пополнува собраниските комисии за надзор на УБК, Агенцијата за разузнавање и за надзор на мерките за следење на комуникациите, обвини денес Петре Шилегов во изјавата за медиумите дадена во Скопје.

Loading...

– Не може политичката гарнитура којашто овозможи Сашо Мијалков ниту еднаш во 9 години да не се појави на отчет на работа на комисијата, којашто овозможи УБК без никаква контрола да прави бројни злоупотреби и ја предизвика политичката криза во Македонија, сега, под притисок на меѓународната јавност да глуми дека сака да го реши проблемот.

Шилегов обвини дека со ваквото однесување, Никола Груевски директно го прекршува договорот постигнат на 2-ри јуни.

Апсурдот е уште поголем. Постои и официјален документ којшто потврдува дека е формирана Собраниска комисија за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање. Оваа комисија веќе испратила официјален допис, пред два дена, на 24 ти јуни, до Агенцијата за разузнавање. Како што покажува овој документ, со првична намера да изврши надзор во Агенцијата за разузнавање на вчерашен датум, 25-ти јуни, четврток, за потоа да ја презакаже работната посета за 29-ти јуни, понеделник, во 11 часот, на денот кога е предвидено продолжението на политичкиот дијалог на лидерско ниво, вели Шилегов.