Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, денес на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, со напишан статус ја најави новата прес конференција на СДСМ, 35 – та по ред од циклусот ”бомби” на СДСМ.
Со зборовите ”Инаку, денешната трибина во Кампот на слободата (18.00 часот) има бајаги бомбастична најава. #35”, партискиот портпарол ја најави новата конференција на СДСМ.
Во кампот пред Владата, според распоредот, од 18:00 – 19:30 е закажана прес конференцијата на Заев, а подоцна ќе следи дискусија
“СКОПЈЕ 2014 НИЗ ПРИЗМАТА НА ГРАЃАНИТЕ” на која ќе говорат Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, Елеонора Петрова Митевска, универзитетска професорка, Даница Павловска, иницијатива “Го сакам ГТЦ”, Небојша Вилиќ, универзитетски професор, Владимир Вангелов, граѓански активист, Александар Вујиќ, граѓански активист и Роберт Алаѓозовски, есеист и критичар.