Шефови на држави и влади од целиот свет доаѓаат на погребот на кралицата Елизабета

Сподели со своите пријатели

На државниот погреб на британската кралица Елизабета Втора се очекува пристигнувањето на бројни шефови на држави и влади од целиот свет и неколку европски кралици и кралеви.

Loading...

Италијанскиот претседател Серџо Матарела ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, соопштија во понеделник од неговиот кабинет.

Ќе дојде и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, изјави неговиот портпарол во неделата за ДПА.

Американскиот претседател Џо Бајден ќе присуствува на погребот, потврдија официјални лица. Белата куќа објави дека Бајден ќе дојде со сопругата Џил.

Погреб следниот понеделник

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември.

Погребот треба да започне напладне по средноевропско време во Вестминстерската опатија во Лондон.

Британците ќе добијат уште еден слободен ден.

Достоинствениците ќе патуваат до Вестминстерската опатија со автобуси со придружба и „поради строгите безбедносни и ограничувања на патиштата“ ќе бидат замолени да не патуваат со нивните приватни државни возила, според документите што ги видел Политико.

Loading...

Политико објави дека само шефовите на држави и нивните сопружници или партнери ќе бидат поканети на погребот на 19 септември поради ограничениот простор во историската зграда.

Во Лондон на погребот се очекува да отпатуваат и членови на европските кралски семејства, вклучувајќи ги и оние од Шпанија, Белгија, Норвешка, Данска, Шведска и Холандија.

Последното почивалиште на кралицата Елизабета Втора ќе биде во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.

Кралицата почина во четвртокот на 96-годишна возраст.

Чарлс автоматски стана новиот британски крал.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.