Шефот на јужноафриканската армија во посета на Москва

Сподели со своите пријатели

Јужноафриканските национални одбранбени сили (SANDF) денеска соопштија дека нивниот началник Лоренс Мбата е во Москва на билатерален состанок каде ќе ги посети руските воени академии.

Loading...

„Мора да се забележи дека јужноафриканската армија има билатерални односи со армиите на различни земји на континентот и пошироко“, се вели во соопштението на SANDF, пренесува Ројтерс.

Претходно, јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса изјави дека „неврзаната позиција“ на земјата не ѝ дава предност на Русија пред другите земји и го повтори апелот дека конфликтот во Украина треба да се реши по мирен пат.

Минатата недела, САД обвинија дека рускиот брод Лејди Р бил натоварен со муниција и оружје во поморската база во Кејптаун кон крајот на минатата година, тврдењата што јужноафриканските власти ги негираа.