Серафимовски и Димитриевски разговараa за развојните приоритети и координацијата меѓу институциите

Сподели со своите пријатели

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, вчера оствари средба со градоначалникот на Куманово и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

Како што објави Серафимовски, на средбата разговарале за развојните приоритети, потребата институциите да дејствуваат усогласено, како и за одговорноста на јавните функционери да испорачуваат позитивни резултати за граѓаните.

 

 

„Кога постои заедничка и споделена идеја за развојот на државата, тогаш разговорот спонтано тече во насока кон она што може заеднички да се постигне“, наведува Серафимовски.

Тој посочува дека со Димитриевски ги поврзува уверувањето дека државата се гради со чесна работа, одлучност и истрајност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почнува формирањето на Академијата за јавни службеници

 

 

Средбата, според Серафимовски, била во насока на размена на ставови за натамошниот развој и за заедничко делување во интерес на граѓаните.

Никола Ивановски