Се урна ледена пештера, едно лице загина, две се водат за исчезнати

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина, а две се водат како исчезнати откако ледена пештера делумно се урна на југот на Исланд додека група туристи го обиколуваа глечерот Брејдамеркурјокул.

Loading...

Локалната полиција соопшти дека добила повик во неделата попладне и дека додека група од околу 25 странски туристи ги истражувале ледените пештери, мразот паднал врз четири лица, пренесува АП.

Две лица се тешко повредени, а едното починало на местото на несреќата, додека другото со хеликоптер е пренесено во болница и е во стабилна состојба.

Голем број спасувачи до недела навечер бараа две исчезнати лица.

Исландската јавна телевизија RUV известува дека транспортот на опрема и персонал до глечерот бил отежнат поради нерамниот терен и дека сечењето мраз главно било рачно, со моторни пили.

Локалниот портал Висир наведува дека група туристи била на организирана обиколка на ледената пештера во придружба на водич, но дека повеќето биле надвор од пештерата кога се случил уривањето.