Започна реконструкцијата на дел од тротоарите во централното градско подрачје на улиците „Народна Револуција“ од влезот на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“, па се до централната градска улица „Тане Георгиевски“, односно кај зградата на порашен Комитет.
Loading...
[huge_it_gallery id=”308″]
Според зборовите на раководителот на Секторот за урбанизам при Општина Куманово ќе бидат реновирани вкупно 3.400 метри квадратни површина, од кои 2.850 квадрати тротоари. нов асфалт ќе биде поставен и меѓу зградите на наведените локации во површина од 550 метри квадратни.
За реконстуркција на тротоарите во градот е изберена компанија од Општина Липково по претходна распишана тендерска постапка од страна на Општина Куманово.
Реконструкцијата веќе е во тек последниве два дена. Се надеваме дека градежните активности,согласно временските услови ќе завршат за помалку од еден месец“ – изјави Јовановски.
Откако ќе заврши реконструкцијата од едната страна на улиците, ќе започне обновување на асфалтот на тротоарите пред основите училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“
За реконструкцијата на тротоарите низ централното градско подрачје од општинскиот буџет ќе бидат издвоени вкупно 4 милиони и 375 илјади денари.