Се асфалтираат 7.500 квадратни метри во Индустриската зона „Новини и Речица“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Продолжуваат инфраструктурните активности во Индустриската зона „Новини и Речица“ во Куманово, каде во тек е поставувањето на завршниот слој асфалт на повеќе улици.

Како што информира градоначалникот Максим Димитриевски, во оваа фаза ќе бидат асфалтирани вкупно 7.500 квадратни метри со асфалтна мешавина AB16s.

 

 

Работите опфаќаат делови од улиците „8“, „4“, „3“, „5“, „6“, како и дел од улицата „2“.

Дел од улиците се очекува да бидат завршени во текот на денешниот ден, додека градежните активности ќе продолжат и во наредните неколку дена, до целосно завршување на предвидените работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Што носи првата училишна седмица?

 

 

Активностите во индустриската зона се дел од поширокиот инвестициски циклус што го најави Димитриевски, во рамки на кој Општина Куманово планира реализација на повеќе од 30 инфраструктурни проекти.

Според најавите, дел од проектите ќе продолжат и ќе бидат финализирани, додека други ќе започнат и ќе се реализираат целосно од почеток.

 

 

Меѓу најзначајните зафати е целосната реконструкција на улицата „Индустриска“, која Димитриевски ја опиша како најголемата и најшироката улица на територијата на Општина Куманово. Проектот предвидува реконструкција на улицата и изградба на нови тротоари.

 

 

Покрај овие активности, во тек е и реконструкцијата на улицата „Моша Пијаде“, каде се работи на нова фекална канализација, подземно поставување на каблите на кабелските оператори и нова електроенергетска инсталација. Околу половина од трасата е веќе завршена, а целосното завршување е најавено за октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец одбивал алко-тест и бил агресивен кон полицајци. Во станица му измериле 1,57 промили

 

 

Во завршна фаза е и реконструкцијата на улицата „Бајрам Шабани“, која опфаќа изградба на нова атмосферска канализација со сливни решетки и дополнителни шахти, како и изградба на целосно нови тротоари.

 

 

Во меѓувреме, започнува и реализацијата на улицата „100“, за која е завршена тендерската постапка и избран е оператор. Претходно на оваа локација беше изграден и потпорен ѕид, чија вредност изнесуваше околу 300.000 евра.

 

 

Од Општината очекуваат реализацијата на овие инфраструктурни проекти да придонесе за подобрување на патната и комуналната инфраструктура, но и за создавање подобри услови за развој на бизнисот и привлекување нови инвестиции во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца браќа од Куманово завршија во болница откако ги натепале четири лица

Никола Ивановски