Социјалдемократскиот сојуз на Македонија донесе одлука дека нема да учествува на изборите кои се закажни за 24-ти април, но на таа тема денеска ќе се дискутира на Централниот одбор на партијата.
На Централниот одбор ќе се дискутира и за натамошното останување или заминување на министрите и замениците министри од СДСМ кои со договорот од Пржино станаа дел од Влада, а беа поставени и во техничката Влада, но не ја положија својата заклетва.
Иако најавено, на вчерашниот состанок на Вишеградската група во Прага на која се разговарало за стостојбата со бегалците и европската помош која треба да ја добие Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не присуствуваше.