САД го намалија тимот за безбедност на автономните возила за речиси половина

Сподели со своите пријатели

Американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), предводено од Илон Маск, отпушти тројца од седумте вработени во американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата кои ја надгледуваа безбедноста на автономните возила, објави Вашингтон пост.

Loading...

Работниците отпуштени од Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) изјавија дека не веруваат дека биле отпуштени поради истрага за такви возила, објави Ројтерс.

Намалувањето на тимот за автономни возила е дел од поширокото реструктуирање во рамките на NHTSA, кое вклучува отпуштање на околу 10 отсто од вработените преку отпуштања и понуди за откуп, пишува весникот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рубио: Средбата Трамп - Путин во голема мера зависи од напредокот во Украина