Наместо картичка, како средство за плаќање ќе ја користиме дланката

Сподели со своите пријатели

Многу компании експериментираат со различни начини на плаќање за кои веќе не би ни требале банкарска картичка, па дури и телефони или паметен часовник, туку би го извршиле плаќањето, на пример – со поглед.

Loading...

Она што многумина на Запад го сметаат за главно потенцијално прашање за приватност, на Кинезите не им изгледа толку страшно, а милиони во најнаселената земја во светот веќе плаќаат сметки во продавниците, користејќи технологија за препознавање лице/зеници.

Како четворица браќа го измамиле Амазон и заработиле милиони?

Ваквиот начин на плаќање, барем засега, ќе биде тешко прифатен во европските земји и САД, па затоа Амазон разгледува алтернативни решенија што ќе овозможат биометриски плаќања, кои нема да изгледаат толку опасни за приватноста на корисниците.

Минатата година тие поднесоа барање за патент за технологија за препознавање на дланка, а сега и официјално ја воведоа оваа технологија, со која дланката ќе се претвори во банкарска картичка.

Плаќањето ќе се изврши со поставување на дланката над специјалниот уред кој, врз основа на комбинација на површината на дланката, односно уникатни линии на дланките и примероците од крвните садови, ќе препознае уникатен „потпис на дланка“.

Акциите на Амазон и Фејсбук ги оборија сопствените рекорди

Така, кога ќе дојде време за плаќање, корисниците ќе ја стават дланката над уредот што ќе повлече пари од картичката, т.е. сметка поврзана со дланката на раката. Нема да имате потреба да имате сметка на Амазон за да ја користите технологијата, туку само телефонски број и, се разбира, број на картичка што ќе биде поврзан со потписот на дланката, а во случај корисниците повеќе да не сакаат да ја користат дланката за плаќање, ќе можат да ги избришат биометриските податоци од порталот на компанијата.

Loading...

Технологијата наречена Amazon One прво ќе се користи во двете продавници на Amazon во Сиетл, по што нејзината употреба може да се очекува и во другите продавници на Amazon.

Целта на компанијата на Безос е да им ја понуди истата технологија на други трговци, стадиони, канцелариски згради и слично што можат да имаат корист од толку брз и лесен начин на плаќање.

Зошто и колку „Амазон“ им плаќа на работниците да дадат отказ?

„The Verge“ велат дека други компании веќе експериментирале со слична технологија со препознавање на дланка, но таа би можела да стане реалност токму заради „Амазон“, односно големината и јачината на компанијата.

Leave a Reply