Бројот на жртви во израелската војна во Појасот Газа се искачи на 74.498

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртви од почетокот на израелската војна во Појасот Газа се искачи на најмалку 74.498 лица, додека 175.616 се ранети, објави денес Министерството за здравство на палестинската енклава.

„Од таканареченото „примирје“ во октомври 2024 година, Израел уби 1.538 Палестинци и рани 5.498 лица“, објави Ал Џезира.

Во последните 24 часа, четири лица загинаа, додека 12 се повредени, се додава во соопштението.

Конфликтот во Појасот Газа, кој доведе до ескалација на насилството и голем број жртви, започна на 7 октомври 2023 година.