Две лица се убиени, а осум се ранети во напад врз аеродромот Дамам во источна Саудиска Арабија во среда навечер, соопшти Генералниот орган за цивилно воздухопловство на Кралството (GACA).
Убиените на Меѓународниот аеродром Крал Фахд се државјани на Саудиска Арабија и жител на Индија, додека меѓу повредените има државјани на Саудиска Арабија, Индија, Јемен, Бангладеш и Непал.
GACA не прецизираше за каков вид напад станува збор, но движењето Хути во Јемен, поддржано од Иран, постојано ги таргетира аеродромите во кралството со беспилотни летала и ракети.
One person killed and eight injured in an attack on King Fahd International Airport in Dammam, Saudi Arabia. Saudi civil aviation says the injured were taken to hospital straight away, and damage is being assessed. Prayers for the victims.
#Dammam #SaudiArabia #KingFahdAirport #BreakingNews #Hamariweb #fyp
— Hamariweb.com (@hamariweb) October 22, 2026
Во среда наутро, две лица беа убиени од остатоци од беспилотно летало кое беше пресретнато над Источната покраина, каде што се наоѓа Дамам, соопшти саудиското Министерство за енергетика.
Министерството изјави дека дронот бил пресретнат во моментот кога се обидел да погоди фабрика за преработка во сопственост на државната нафтена компанија „Арамко“ во нафтеното поле Шаџба, при што возилото на подизведувачот се запалило.
Загинатите се идентификувани како странски работници од Филипините и Непал.
Уште четири беспилотни летала беа пресретнати во среда навечер, според коалицијата предводена од Саудиска Арабија што ја поддржува јеменската влада во нејзината војна против Хутите.
Немаше непосреден коментар од Хутите, но тие претходно изјавија дека напаѓаат саудиски аеродроми, енергетски постројки и воени бази како одмазда за смртоносните саудиски воздушни напади врз територијата што ја контролираат во западен Јемен.

