Вирусот Шамонда, за кој е познато дека циркулира меѓу говедата, првпат е откриен кај човек, тешко имунокомпромитиран пациент кој починал во Франција, објавија властите, нагласувајќи дека нема опасност за општата популација.
Шамондата се пренесува преку мали муви главно меѓу говедата и се шири со каснување.
Првпат идентификуван во Нигерија во средината на 1960-тите, вирусот оттогаш се појавува спорадично меѓу животните во Африка и Јапонија. Оваа година, за прв пат е откриен во неколку европски земји.
Досега се сметаше дека вирусот не може да се пренесе на луѓето, објави француската влада.
Се верува дека починатиот бил заразен во источна Франција, каде што вирусот циркулирал меѓу животните оваа пролет и лето.
Според заедничката изјава на министерствата за здравство и земјоделство, првиот случај на инфекција кај луѓето во Франција претставува важен настан кај тешко имунокомпромитиран пациент кој бил лекуван од сериозна медицинска состојба во Лион и починал.
Иако властите не го потврдија ова, весникот „Ле Прогрс“ објави дека станува збор за маж во шеесеттите години.
– Моментално нема научни податоци што би укажувале на пренесување на вирусот Шамонда преку консумирање месо, млеко или млечни производи, наведува Министерството за земјоделство, наведувајќи дека производите добиени од болни животни секогаш се исклучени од снабдувањето со храна.

