Руски воен блогер: Ситуацијата во Доњецк од час во час станува се поалармантна

Сподели со своите пријатели

Дан Сабаг, новинар на Гардијан, специјализиран за прашања од одбраната и безбедноста, кој внимателно ги следи настаните во Украина, пренесе интересен извештај на руски воен блогер.

Loading...

„Рускиот воен блогер Вор Гонзо пред неколку часа на апликацијата Телеграм објави дека ситуацијата на линијата на фронтот во јужен Доњецк, во близина на Вуледар, „од час во час е сè поалармантна“, пренесува новинарот на Гардијан.

Што тврди официјална Москва?

За потсетување, руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека руските сили одбиле „голем украински напад“ во јужен Доњецк.

„Целта на непријателот беше да ги пробие нашите одбранбени линии на, според него, најранливиот дел од линијата на фронтот“, се наведува во него. „Непријателот не ги постигна своите цели, не успеа.

Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди руските наводи, а Украина веднаш не ги коментираше.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.