Четириест и шестгодишен кумановец бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека возел под дејство на 2,14 промили алкохол.
– На 12.09.2026 година на магистрален пат А2 во село Војник во 23.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.М.(46) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило “ауди” при што било утврдено дека го управува под дејство на алкохол односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

