Русите ги ракетираа објектите каде се подготвувал нападот на Кримскиот мост

Сподели со своите пријатели

Руската армија синоќа изврши напад со проектили од морето врз објекти каде се подготвувале напади врз Руската Федерација со помош на поморски дронови, изјави денеска официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Loading...

„Вооружените сили на Руската Федерација вечерва извршија групен одмазднички напад со високопрецизно оружје од морето врз објекти каде што со беспилотни дронови се подготвуваа терористички акти против Руската Федерација, како и на нивните производствени локации во бродоградилиште во близина на град Одеса“, рече Конашенков на брифинг, пренесува Интерфакс, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека, освен тоа, во областа на Миколаев и Одеса се уништени магацини за гориво со вкупен волумен од околу 70.000 тони, од кои со гориво се снабдува воената опрема на Вооружените сили на Украина.

Според Конашенков, сите цели планирани за нападот биле погодени, а на уништените објекти биле забележани пожари и детонации.

Украинските власти претходно објавија дека Русија синоќа со беспилотни летала и проектили ги нападнала Одеса и Николаев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.