Властите во руската област Курск соопштија дека од 29 август ќе воведат дополнителни безбедносни мерки во областа на градот Курчатов и нуклеарната централа Курск, пренесува Хина.
Влезот во Курчатов, каде што се наоѓа централата, ќе биде привремено ограничен, напиша регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на социјалната платформа Телеграм.
Украинските сили ја пробија западната граница на Русија и влегоа во регионот Курск на 6 август во ненадеен напад кој се уште е во тек.
Објектот бил нападнат неколку пати
Русија вели дека објектот бил постојано напаѓан од украинските сили на само 40 километри. Украина се уште не одговорила на обвинувањата.
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, по посетата на централата во вторникот изјави дека постои ризик од нуклеарна несреќа и дека ситуацијата е сериозна.
Тој додаде дека разводната табла е исклучително чувствителна бидејќи нема заштитна купола.