Русија во текот на ноќта лансираше 33 беспилотни летала и две ракети кон Украина, а противвоздушната одбрана уништи 22 дронови, соопшти украинската армија.
Loading...
„Главните области на напад беа југот и северот. Воздухопловните и одбранбените сили на Украина уништија 22 непријателски беспилотни летала. Уште неколку беспилотни летала не стигнаа до своите цели“, соопшти денеска украинското воздухопловство на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Украинските цивилни и воени власти се уште не известиле дали нападот предизвикал жртви или штети, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.