Полицијата одзеде „голф“ во Куманово, возачот немал положен испит

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишник од Куманво бил приведен ноќва, а неговото возило одземено, откако полицијата констатирала дека го возел без да има положен испит.

– На 26.06.2026 во 00:50 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Е.С.(23) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф “ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се разгледуваат опции за кредит за нова механизација за јавните претпријатија (ВИДЕО)

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено, стои во соопштението.

По целосно документирање на случајот, како што се наведува, против Е.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски