Ќе продолжи ли мерката за бесплатен јавен превоз во Куманово? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Продолжувањето на мерката за субвенциониран јавен превоз во Куманово ќе зависи од одлуката на Советот на Општина Куманово, изјави градоначалникот Максим Димитриевски, одговарајќи на советничко прашање поставено од Дарко Митевски на вчерашната седница посветена на советнички прашања.

Мерката која истекува на крајот на месецов се уште не се најде на дневен ред на Советот кој треба да се произнесе, иако важи до крајот на овој месец.

Митевски истакна дека според јавното мислење, но и според резултатите од неодамна презентирано истражување, субвенционираниот превоз е една од најдобро оценетите мерки на локалната власт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од денеска во Куманово заеднички патроли на полицијата и комуналната инспекција (ВИДЕО)

– Тоа е најпофалена мерка според јавното мислење. Беше покажано дека таа мерка е една од најпозитивно ценети од самите граѓани. Моето прашање е дали има можност за продолжување на субвенционираниот превоз и во натамошниот период, бидејќи голем дел од граѓаните, посебно од околината и руралните средини, се навистина задоволни од тој превоз, праша Митевски.

 

 

Во одговорот, Димитриевски рече дека и самиот ги прифаќа резултатите од анкетата и дека Општината ќе ги користи при креирањето на идните политики.

– И јас се согласувам со вас. Анкетата покажува дека таа е една од најприфатените мерки од страна на граѓаните, но секако разбирливо наоѓаат граѓаните некои одредени технички забелешки и Општина Куманово ќе се води по таа анкета, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  72-годишник од куманвско се заканувал на порнешната сопруга

Тој нагласи дека одлуката за продолжување на мерката не е во надлежност на градоначалникот, туку на Советот.

– Дали истата мерка ќе продолжи во делот на јавниот превоз не зависи од мене, почитувани советници, зависи од вас. Ако донесете одлука на Совет, истата мерка ќе продолжи, рече Димитриевски.

Според него, кога мерката првпат била предложена пред околу три и пол години, била усвоена со поддршка од сите политички партии во Советот.

– Кога излегов со оваа мерка некаде пред 3,5 години пред Советот на Општина Куманово, истата мерка беше донесена со политички консензус на сите политички чинители во Советот и доколку постои таков политички консензус, јас сум подготвен истата мерка да продолжи на ваков начин или пак модифицирана во деловите каде што покажа одредени аномалии, изјави градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  39-годишник приведен по тепачка во кумановско

Тој додаде дека доколку Советот не донесе одлука за продолжување на субвенционираниот превоз, ќе ја почитува одлуката на советниците.

– Доколку не донесете мерка, јас само ќе го извршувам буџетот и ќе ја почитувам вашата одлука, рече Димитриевски.

Никола Ивановски