Ќе се ревитализира Меморијалниот комплекс „АСНОМ“ во Пелинце

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе реализира проект за ревитализација на делови од Меморијалниот комплекс „Пелинце“, откако денеска во Лесковац, Србија, беше потпишан договорот за грант за имплементација на проектот „The Pathway to Prosperity“.

Во име на Општина Куманово, договорот го потпиша секретарот на Општината, Емилија Сларидис Јаневска, заедно со Емрах Чоти, претставник од Заедничкиот технички секретаријат.

Проектот е финансиран преку Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2021-2027, при што водечки партнер е Општина Куманово, а партнер од Србија е Туристичката организација на Општина Лесковац.

 

 

Со проектот е предвидена ревитализација на делови од Меморијалниот комплекс „Пелинце“, кој претставува едно од позначајните историски и туристички обележја во кумановскиот регион.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Топлотен бран ја зафаќа Македонија: Високи температури и во текот на ноќта

Вкупната вредност на проектот изнесува 663.268,60 евра за двата партнера, од кои 497.053,49 евра се обезбедени како грант од Европската Унија, а 166.215,11 евра претставуваат сопствено кофинансирање.

Програмата се спроведува преку Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за европски интеграции на Република Србија, додека договорен орган е Министерството за финансии на Република Србија.

Од Општина Куманово информираат дека Министерството за локална самоуправа ќе обезбеди дополнително 15 проценти кофинансирање од својот буџет за Општина Куманово, како дел од поддршката за програмите за прекугранична соработка.

Никола Ивановски